Мурињо шмекерски го искоментира можното враќање на Бејл во Тотенхем!

Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл долго време се поврзуваше со трансфер од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед, но според најновите шпекулации тој е блиску до преселба во неговиот поранешен клуб Тотнем.

Новинарите на прес-конференција ги интересираше што мисли Жозе Мурињо за потенцијалниот трансфер на Бејл во лондонскиот тим, а на тоа „Специјалниот“ имаше шмекерски одговор.

„Бејл е фудбалер на Реал Мадрид и не би сакал да коментирам за играчи на други тимови. Сепак, јас се обидов да го ангажирам во шпанскиот тим, но тоа не беше возможно додека им бев тренер. Сите го знаат тоа, не е никаква тајна. Мислам дека и Герет го знае тоа. Но, јас нема да зборувам повеќе бидејќи тој е фудбалер на Реал“, кажа Мурињо.


TAG