Тој за „Спортски новости“ го анализираше македонскиот фудбал, објаснуваше дека Вардар подолго време не е тој вистинскиот, а дека повеќе ги нема екипите кои беа силни во времето на поранешната заедничка држава. Рингов, истовремено, ја истакна фаворитската улога на сплитскиот тим во пресрет на утрешниот дуел на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
„Го нема Вардар, ниту Пелистер и Тетекс се силни. Затоа, тука се екипи како Силекс, Шкендија и Шкупи. Секако, меѓу нив е и Ренова, но Хајдук не треба да се плаши од овој клуб. Постигнуваат мал број голови, играат тврдо и сплитскиот тим нема да се надигрува. Ќе ја бараат шансата во контранапад. Но, Хајдук е голем фаворит. Сѐ е во нивни раце, тие ќе ја имаат главната улога“, изјави Рингов.
Целото интервју на Рингов за хрватскиот весник може да го прочитате на следниот линк.