Врие во Белград: Кошаркар на Партизан потпиша за – Црвена звезда!

„Спортандо“ носи бомбастична вест која предизвика нервоза во Белград, откако американскиот кошаркар Кори Волден ги напуштил редовите на Партизан, а веднаш потоа наводно се договорил со Црвена Звезда.

Волден сам си ја плати отштетата со оглед на тоа дека имаше двегодишен договор со Партизан, иако српскиот тим му понудил добри услови за да остане во нивни редови.

Според „Спортандо“, Волден решил да се пресели во Црвена Звезда, а засега потврда од редовите на „црвено-белите“ нема, иако Партизан со соопштение му се заблагодари на Американецот за соработката.

„Партизан на позицијата која остана празна ќе побара ново решние. Воедно, клубот му се заблагодарува на Волден за настапите во текот на 2019/20 и му посакува среќа во иднина“, пишува во соопштението.

Волден во Еврокупот во групната фаза постигнуваше просечно по 6,5 поени, 3,3 асистенции и две загубени топки.