Турниров веќе е планиран за средина на октомври, а директорката на турнирот Бренда Пери веќе го најави истиот, а се чека само на „зелено светло“ од кинеските власти. Пери воопшто не е загрижена околу одржувањето на турнирот…
„Вухан веќе заврши извонредна работа и моментно без размислување би отишла таму. Мислам дека сега овој град е најбезбедниот на светот и веројатно најпроверениот на светот“, вели Пери.
Во Вухан откако се појави втор бран на коронавирусот во последниов период и тоа најмногу во регионот на Пекинг, веќе биле тестирани 9,9 милиони жители од вкупно 11 милиони жители.