Американците открија колку ослабел Јокиќ – бројката е неверојатна!

Никола Јокиќ ја искористи паузата во НБА-лигата поради коронавирусот за сериозно подобрување на својот физикус. Српскиот кошаркар ги шокираше сите кога се појави на прошталниот натпревар на тренерот на Мега Бемакс, Дејан Милојевиќ во Србија.

Центарот на Денвер беше сериозно ослабен, а сега американските медиуми открија и колку килограми „стопил“ еден од најдобрите кошаркари во НБА. Јокиќ за време на карантинот симнал фантастични 18 килограми. На стартот на сезоната во НБА есеноска на официјалното мерење имал 127,9 килограми, а сега тежи 109,7 килограми.

Ова е неверојатна трансформација на Јокиќ, а некои од неговите соиграчи исто така се импресионирани од неговиот напредок. Сега можеме да очекуваме многу побрз и поагилен Јокиќ под кошевите во НБА, па противниците сигурно ќе имаат доста повеќе грижи кога ќе треба да го чуваат.

Кошаркарот и натаму е во Србија и чека зелено светло да се врати во САД, бидејќи испадна позитивен на Ковид-19. Јокиќ е без никакви симптоми и наскоро треба да им се приклучи на соиграчите.

НБА-лигата продолжува на 31 јули, а натпреварите ќе се играат во Дизниленд, Флорида.