Мурињо: Оваа сезона веќе не сметам на Сон

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, рече дека до крајот на сезоната нема да сметa на Сон Хунг Мин. Кореецот се здоби со фрактура на натпреварот во Премиер лигата против Астон Вила.

– Ситуацијата со Сон Хунг Мин не можете да ја замислите колку е лоша од гледна точка на замена на овој играч. Сè е премногу очигледно и тука не може да се стори ништо. Ќе играме со помош на оние што ги имаме. Оваа сезона нема да сметам на Сон. Ако тој може да одигра два-три натпревари, тогаш тоа ќе благодарение на оптимизмот на нашиот прес-аташе, изјави Мурињо.

Тотенхем вечерва од 21 часот е домаќин на Лајпциг во првиот натпревар од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите.


TAG