Момчето од 30 милиони заплака на промоцијата: Ќе го дадам својот живот за Реал

Реал Мадрид уште на 20. јануари го потврди трансферот на Рејниер Жезус, но шпанската јавност дури денес можеше одблиску да се запознае со младиот играч за врска. Момчето кое со Фламенго го освои Копа Либертадорес претставува голем залог за иднината на „Кралскиот клуб“.

Оттаму на „Бернабеу“ не жалеа средства со цел да ја победат жестоката конкуренција, бидејќи за Рејниер заинтересирани беа и Бенфика, Порто, Манчестер Сити, Барселона…

Новата бразилска ѕвезда е платена 30.000.000 евра, потпиша договор до 2026. година, што јасно покажува дека нема да биде под притисок од самиот старт. Ќе има период за адаптација во вториот тим, како и неговите нешто постари сонародници Винисиус и Родриго.

Меѓутоа, на денешното претставување Рејнер можеше да се почувствува како голема ѕвезда. Не е ни чудо што не можеше да ги сокрие емоциите, туку се присети на тешкото детство.

„Тоа е сонот на моето семејство. Многу сум среќен што си го исполнив сонот. При претставувањето се што минав низ детството ми помина низ главата. Минав многу време во Рио без мајка ми и сестрите во потрага по соништата“, во солзи говореше Рејниер.

Одлучувачкиот чекор кон ангажманот на Рејниер, Реал Мадрид го направи во текот на Светското клупско првенство. Тогаш беше контактирано семејството на младиот играч.

„Тоа беше необјаснива среќа. Татко ми ми се јави на телефон кога бев на Светското клупско првенство. Од радост почнав да трчам од една на друга страна… Буквално плачев од среќа“.

Младиот Бразилец тврди дека отсекогаш бил навивач на Реал Мадрид.

„Во Мадрид го видов Кристијано Роналдо. Освен Роналдо, ме воодушеви и Зидан, беше фантастичен играч и идол на Мадрид. Се трудам да научан по нешто од сите големи играчи. Со оглед на тоа дека во Реал се оние најдобрите. Едвај чекам да заиграм за првито тим, ќе го дадам својот живот за овој клуб“.

Верува дека ќе направи кариера како Кака.

„Кака е еден од моите идоли, имам слично способности како него. Тој разговараше со мене и тоа многу ми значи. Можам да играм на сите позиции во нападот, без никаков проблем. Ќе дадам се од себе“, заклучи Рејниер.

 

фото: reuters