Касиљас се откажа од фудбалот, почнува нова кариера!

Шпанскиот голман Икер Касиљас објави дека престанува со активното играње на фудбал. Првиот човек на Порто Пинто да Коста соопшти дека Икер денеска му кажал дека се пензионира од фудбалот и дека има друг план.

Следната цел на шпанскиот голман е да стане претседател на Шпанската фудбалска федерација. Некогашниот ас на Реал Мадрид тоа го потврди и на социјалните мрежи.

„Точно е дека го оставам играњето на фудбал. Ќе се кандидирам за престедател на РФЕФ на следните избори. Заедно со мојот тим ќе се бориме да го претставиме шпанскиот фудбал во најдобро светло во светот“, напиша Касиљас кој после операцијата на срцето не заигра повеќе фудбал иако имаше желба да се врати на терените.

Сепак, претседателската функција би била супер награда за се она што го направи за шпанскиот фудбал во изминатите години.


TAG