ЖКК Бадел почнува со проектот „Растеме со кошарката“

Женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862 од Кисела Вода, како авангарда на женската кошарка ќе реализира проект „Растеме со кошарката“.

Тим менаџерот на клубот Љупчо Павловски денес ја претстави идејата за проектот.

„Целта на проектот е психосоцијална поддршка на кошаркарките во нашиот тим, во насока на раст и развој на индивидуата и тимот како група. Ние сме свесни дека психичкото и физичкото здравје се подеднакво значајни, така што поучени од светските трендови на големите спортски клубови, одлучивме да им овозможиме на нашите кошаркарки поддршка и од овој тип. Работилниците ќе ги опфатат нашите млади на возраст од 14 до 18 години. Во нашата држава, нашиот клуб е прв со ваков проект“, изјави Павловски.

Проектот ќе се одвива преку програма за раст и развој во области на интерес на младата популација, дискусии и креативни работилници. Реализацијата на програмата ќе ја овозможат психолозите Андријана Павловска Темелковска и Сандра Крстиќ, под менторство на искусниот училишен психолог и психотерапевт Ана Попризова.


TAG