ВИДЕО: Арманд Дуплантис постави нов апсолутен светски рекорд во скок со стап

Европскиот шампион Арманд Дуплантис постави нов апсолутен светски рекорд во скок со стап на Светското првенство во сала.

Швеѓанецот прескокна 6,17 метри на првенството во Торун, Полска и го сруши рекордот на Французинот Рено Лавиление од 6,16 метри поставен во февруари 2014 година.

„Ова е нешто што го сакав уште кога имав три години. Ова ќе биде голема година, но одлично ја почнав“, изјави 20-годишниот атлетичар.

Дуплантис е акуелен европски шампион на отворено од Берлин 2018, како и светски вицешампион од првенството во Доха, а најдобар резултат на отворено му е 6,05 од Берлин 2018 година.