Рекорди на Ѓоковиќ кои тешко ќе бидат надминати

Почетокот на новата сезона донесе доминантна победа на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен. Србинот стигна до осмиот трофеј во Мелбурн, односно негов 17-ти Грен слем во кариерата.

Најдобриот тенисер на денешницата исто така успеа да ја добие битката со Рафаел Надал за првата позиција на АТП листата. Полека, но сигурно, српскиот ас руши рекорди кои во иднина ќе биде скоро невозможно да се повторат.

Еве дел од рекордните достигнувања од кариерата на Ѓоковиќ кои ќе бидат тешко достижни:

шампион на Грен слем турнири на три различни подлоги во ист момент
единствен победник на сите 1.000 Мастерс турнири
четири победи на последователните турнири во Индијан Велс и Мајами
повеќе поени од вториот и третиот тенисер на АТП листата заедно (рекорд од 2016 година)
број на победи против ТОП 10 тенисери во една календарска година (31 во 2015 година)
најбрз пласман на АТП завршниот турнир (по 43 победи во низа во 2011 година се пласира на турнирот во Лондон за само 18 недели и 6 дена)
30 последователни победи на Грен слем турнирите
број на елитни трофеи освоени во една сезона (10 во 2015 година – Вимблдон, УС Опен, Австралија опен, Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Рим, Шангај, Париз и завршниот турнир во Лондон)
Ѓоковиќ важи за еден од најдобрите тенисери во историјата, кој во наредните сезони има можност да стане најголемиот на сите времиња.


TAG