Непредвидена пречка стои на патот на враќањето на Теодосиќ во репрезентацијата

Нема крај на проблемите на Милош Теодосиќ во дресот на српската репрезентација. Капитенот на националниот тим на нашиот северен сосед го пропушти Светското првенство поради повреда, а постојат големи шанси да ги прескокне и квалификациите за Евробаскетот 2021 година.

Игор Кокошков не може да смета на услугите на плејмејкерот од сосема поинакви причини. Осигурувањето е причината поради која Милош не се појавил на стартот на подготовките за дуелите со Финска и Грузија.

„Нема да навлегувам во детали, но имаме проблем со осигурувањето на Теодосиќ. За неколкју дена ќе знаеме дали можеме да сметаме на него”, изјави Предраг Даниловиќ, претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија.

Теодосиќ доби дозвола од Виртус, но само ако претходно го реши прашањето со осигурувањето.