Македонија меѓу последните на ФИБА ранкингот за 32 најдобри европски селекции

Кошаркарската репрезентација в четврток ќе ги започне квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2021 година. Откако нашата селекција го пропушти последниот европски самит, во овој циклус се очекува враќање меѓу најдобирите во Европа.

Пред средбата в четврток со Естонија, ФИБА објави ранкинг на 32 најдобри селекции, а Македонија е меѓу последните, поточно на 29-та позиција. Лидер во листата е репрезентацијата на Шпанија, пред Франција и Србија.

Место меѓу десетте најдобри имаше за нашите противници Италија (шесто) и Русија (седмо), додека Естонија се најде на 26-та позиција. ФИБА наведе дека дуелот за два дена ќе биде клучен во разврската на оваа група, односно дека Русија и Италија се „недопирливи“, а Македонија останува да се бори со Естонија.

Стартот на квалификациите е закажан во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во четврток со почеток од 20:15 часот, кога Македонија ќе ги одмери силите со Естонија.

Во февруарскиот циклус квалификации, нашиот национален тим ќе се сретне и со Русија каде гостува во Перм на 23 февруари.


TAG