Роналдо не знае за доста: Сруши уште еден рекорд во ЛШ

Кристијано Роналдо синоќа го постигна својот 128.погодок во Лигата на шампионите во победата од 3-0 против Баер Леверкузен.

Со тоа Португалецот стана фудбалер со најмногу победи во историјата на елитното клупско натпреварување, бидејќи вчерашната против германскиот тим му беше 102 победа. Го мина Икер Касилјас, кој претходно го држеше овој рекорд со 101 победа.

Роналдо сега има постигнато барем по еден гол во 14 сезони по ред во Лигата на шампионите изедначувајќи се со Раул Гонзалес и Лионел Меси. Со голот против Леверкузен тој го израмни и рекордот на Раул погодувајќи против 33 различни тимови во елитата.