ПСЖ се распаѓа: И Карабатиќ сака да си замине од Париз!?

Еден од најдобрите ракометари во светот, Никола Карабатиќ не е задоволен во ПСЖ, па се шпекулира дека би можел да се врати во Барселона.

Во период од 2013 до 2015 година Карабатиќ со успех го носеше дресот на Каталонците, а иако сака да се врати во Барселона, сепак првите информации се дека Каталонците не размислуваат за такво нешто.

Наводно, причината за такво нешто се годините на Карабатиќ, но постои простор за договор меѓу двете страни.

Француските медиуми пишуваат дека Карабатиќ е само уште еден во серијата незадоволни ракометари во ПСЖ.