Маурицио Сари го сака Енголо Канте во Јувентус

Нема тренер на светот, кој не би го посакал Енголо Канте во својот тим, па така и Маурицио Сари.

Италијанецот лани соработуваше во Челси со Французинот и натаму останува импресиониран од неговата игра. Сега како тренер на Јувентус, сака да го доведе фантастичниот фудбалер од средниот ред во Торино.

Тренерот го информирал директорот Павел Недвед дека Канте треба да биде нивни приоритет на трансфер пазарот. Според Сари, идеалната тројка во средниот ред на Јувентус би била Миралем Пјаниќ, Арон Ремзи и Енголо Канте.

„Старата дама“ верува дека 70 милиони фунти би биле доволни да го убедат Челси да го продаде Канте.


TAG