Голема кражба во Грција: Од касата на Олимпијакос исчезнале – пола милион евра!

КК Олимпијакос пријавил кражба на половина милион евра од просториите на клубот во салата „Мир и пријателство“.

Грчките медиуми објавија дека полицијата интензивно работи на случајот, а парите исчезнале во текот на викендот, кога просториите на клубот биле затворени, но крадците успеале да влезат и да ги соберат парите.

Според извори блиски до полицијата, на вратата на просторијата немало траги од насилно влегување, ниту камерите не снимиле ништо, а тоа покажува дека најверојатно тие имале помош од внатре.


TAG