Ѓоковиќ во четвртфиналето во Токио

Новак Ѓоковиќ стигна помеѓу најдобрите осум тенисери на турнирот во Токио откако денеска го совлада домашниот фаворит, Го Соеда во два сета со 6-3 и 7-5.

Светскиот рекет број 1 во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Јошихито Нишиока и Лука Пуил. Пласман понатаму обезбедија и Давид Гофан, кој го победи Пабло Карено Буста со 1-6, 7-6 и 6-0, потоа Џон Милман, а таму е и Рајли Опелка по триумфот од 7-6, 7-6 против Жил Симон.

Противник на Опелка во четвртфиналето ќе биде Јасутака Учијама, која пак во три сета (6-7, 6-3 и 6-4) го совлада Раду Албот.