Фертонген: Се чувствувам понижено и посрамено

Тотeнхем имаше кошмарна вечер и доживеа дебакл на домашен терен од 7-2 од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Дефанзивата на лондончани ја немаше никаде, бидејќи „баварците“ едноставно ја уништија. Стоперот на Спарс, Јан Фертонген по натпреварот изјави дека се чувствува засрамено што стои пред новинарите по еден ваков дебакл.

„Се чувствувам понижено, се чувствувам засрамено, низ мислите ми минуваат само негативни мисли, едноставно е срамно што стојам тука пред вас и давам изјава“, вели Белгиецот. „Навистина е тешко. Не зборувам за другите фудбалери, зборувам во свое име, за моето чувство како е да ги гледам сите околу клубот. Ова е навистина лош резултат и не знам што повеќе да кажам“, додаде стоперот.

 


TAG