ФА обвини ѕвезда на Манчестер сити за расизам

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) покрена обвинение за расизам против фудбалерот на Манчестер сити, Бернардо Силва поради контраверзен „твит“ упатен кон неговиот соиграч Бенџамин Менди.

Португалецот го спореди својот црномурест соиграч со лик од пакувањето на чоколадни бомбони, кои се продаваат во Шпанија и Португалија. Силва веднаш го избриша „твитот“ по реакцијата на јавноста, а потоа се правдаше дека веќе не може ни да се пошегува со својот пријател.

Менди ја прифати шегата и не крена паника околу „твитот“. Французинот и Бернардо Силва се најдобри пријатели во соблекувалната на Манчестер сити, а менаџерот Пеп Гвардиола го оцени нивниот однос како братски.

Сепак, ФА не прифаќа шеги кога е во прашање расизмот и покрена обвинение против Силва. Фудбалерот има рок до 9 октомври да одговори на обвинението. Кога само Серија А би реагирала вака на сите расистички испади на навивачите во Италија, тогаш брзо би се решил расизмот на стадионите на Апенините.


TAG