Единствениот Македонец на СП во Доха заврши како четврти, ама – одзади!

Единствениот македонски атлетичар на Светското првенство (СП) во Доха, Јован Стојоски, имаше потпросечен настап во трката на 400 метри, откако го освои последното место во својата квалификациска група, а вкупно беше – четврти одзади

Тој патеката ја истрча за 47,92 секунди, што за една секунда полошо време од неговиот личен рекорд, а што му донесе вкупно 38. место од 41 атлетичар кој се појави на тартанот во Доха. Најдобар беше Кирани Џејмс од Гренада со скоро три секунди подобро време на нашиот Стојоски (44,94).