Братот на Никола Јокиќ уапсен во Денвер – давел жена!

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ се соочува со семејни проблеми пред стартот на новата сезона во НБА-лигата, откако неговиот брат Страхиња бил уапсен во Денвер поради физички напад на жена.

Постариот брат на Јокиќ бил под силно дејство на алкохол и ја нападнал жената во апартман, пренесува весникот „Денвер Пост“. Жената се обидела да избега, но Јокиќ (37) ја турнал и ја спречил да излезе од станот. Таа потоа истрчала на терасата каде викала по помош, но Страхиња почнал да ја дави и го одземал телефонот, кога се обидела да се јави во полиција.

Жената некако успеала да му прати порака на свој пријател преку компјутер, кој пак веднаш повикал полиција. Страхиња Јокиќ веднаш бил уапсен и бил обвинет за физички напад од втор степен.