Најнови ВЕСТИ
Search

Жесус: „Ако Нејмар го има менталитетот на Роналдо, ќе биде меѓу најдобрите на сите времиња“

Тренерот на Фламенго, Жорге Жесус зборуваше за најдобрите фудбалери на светот и воедно најдобрите кои некогаш ја играле оваа игра.

Португалецот, кој во Европа имаше одлични резултати со Спортинг Лисабон и Бенфика, сега го предвоид Фламенго до полуфиналето на Копа Либертадорес.

„Не се сомневам дека Кристијано Роналдо е најдобриот на светот. Тој го отсликува она што е навистина фудбалот. Тој не постигнува само 10 или 20 голови, туку 30, 40 и 50 голови. Меси е можеби малку поинаков фудбалер, тој е вистински подарок за светот, тие двајца се најдобри“, вели Жесус.

Ако треба да каже кој е најдобар фудбалер на сите времиња, тренерот не може да се одлучи за еден.

„Никогаш не го гледав Пеле или Пушкаш, Гаринча, но имав среќа да го гледам Марадона, Меси, Роналдо. Кој е најдобриот? Тоа е тешко прашање. Марадона беше фантастичен, но мојот идол секогаш  беше Јохан Кројф. Меси е неверојатен талент, како и Роналдињо. Нејмар исто така може да биде еден од најдобрите на сите времиња, но само ако го има менталитетот на Кристијано Роналдо. Неговото однесување надвор од теренот, придонесоа за неговиот пад во формата. Желбата на Кристијано да успее на теренот, ја надминува секое искушение надвор од него и клучот е да знаете како да ги разликувате двете“, додава тренерот на Фламенго.

 


TAG