Најнови ВЕСТИ
Search

Одлична партија на македонските репрезентативци, Миркуловски потфрли

Македонските ракометни репрезентативци одиграа одлична партија за своите тимови во силната Бундес лига.

Пикерот Жарко Пешевски беше најдобар при ремито на Штутгарт против Минден (24-24), а макеоднскиот ракометар придонесе со шест погодоци без ниту едно промашување.

Исто така и Филип Талески имаше одлична партија во убедливата победа на Балинген над Мелсунген од 36-23, во која забележа шет гола.

Единсвтено Филип Миркуловски не се изнаигра во поразот на Вецлар на гостувањето кај Бергишер со 33-30. Одличниот бек мечот го заврши со еден гол од четири обиди.