Најнови ВЕСТИ
Search

Милан со специјален подарок за 100-тиот роденден на нивниот најверен фан – Инес (ВИДЕО)

Големите клубови знаат како да се грижат за своите најверни навивачи. Инес наполни 100 години, а „росонерите“ имаа специјален подарок за неа.

Клубот и испрати оригинален дрес со нејзиното има и бројката 100 на грбот, а истиот беше потпишан од буквално сите фудбалери на тимот. Инес навива за Милан од својата 18-та година, значи повеќе од 80 години.

Омилени фудбалери и се тројцата Холанѓани (Марко ван Бастен, Руд Гулит и Франк Рајкард), Паоло Малдини, Франко Барези, Алесандро Костакурта и Џенаро Гатузо.

„Мои момчиња. Ве молам играјте добро. Вие сте мојата утеха. Направете ме горда. Сакам да им се заблагодарам на сите што го потпишале дресот и сè уште сум без зборови. Мој мил Милан, те сакам многу“, рече Инес додека го гушкаше подарокот“.