Најнови ВЕСТИ
Search

Кој загуби ќе си оди дома: Две епски битки во четвртфиналето на СП 2019 во Кина!

Победата на САД над Бразил го означи крајот на групниот дел од Светското првенство (СП) во Кина, каде што од утре почнува нокаут-фазата и тоа со четири натпревари во два дена во кои ќе проследиме две жестоки пресметки на селекции кои покажаа многу во досегашниот дел од шампионатот.

Први на паркетот утре ќе истрчаат кошаркарите на Србија и на Аргентина (13 часот), кои ќе мора со меѓусебна голема „војна“ да го одредат патникот во полуфиналето, пред сѐ поради релативно неочекуваниот кикс на Србите против Шпанија. Овој триумф, пак, на „црвената фурија“ ѝ донесе далеку полесен дуел со дебитантот во оваа фаза од Мундобаскетот, селекцијата на Полска.

Задутре, селекцијата на САД ќе ги одмери силите со Франција, селекција која и тоа како може да го намачи просечниот состав од земјата каде што е измислена кошарката. Австралија, пак, против себе ќе го има вториот дебитант во четвртфиналето, репрезентацијата на Чешка.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ВТОРНИК

(1) Србија – Аргентина (13 часот)

(2) Шпанија – Полска (15 часот)

СРЕДА

(3) САД – Франција (13 часот)

(4) Австралија – Чешка (15 часот)

ПОЛУФИНАЛЕ

ПЕТОК

(5) Победник 1 – Победник 3

(6) Победник 2 – Победник 4

ФИНАЛЕ

НЕДЕЛА

Победник 5 – Победник 6