Најнови ВЕСТИ
Search

Хрватските навивачи се хит на социјалните мрежи: Маестрално отпеаја приспивна песна на едно бебе!

Хрватските фанови моментно се хит на социјалните мрежи откако одлучија да приредат убав гест на гостувањето во Трнава.

Тие се одлучија да му испеат приспивна песна на едно бебе, а видеото со со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи.

Навивачите покажаа татковински инстинкти, обидувајќи се тивко да ја испеат песната среде улица, а притоа го задржија фокусот на бебето.

Исто така и неговата мајка беше изненадена од гестото на Хрватите.

Инаку, Хрватска на гостувањето во Словачка славеше со 0-4 во рамки на  квалификациите за ЕП 2020 година.