Најнови ВЕСТИ
Search

Грците се пакуваат со плачење: Судиите ни го украдоа четвртфиналето!

Кошаркарите на Грција не се пласираа меѓу осумте најдобри селекции на Светското првенство (СП) во Кина бидејќи не успеаја да ја победат Чешка (84-77) со потребните 12 или повеќе поени разлика, за што вината наместо во сопствените редови ја побараа кај судиската тројка.

Веднаш по завршување на средбата, од грчкиот табор најавија официјално писмо преку кое бараат суспензија на судиите кои ја делеа правдата во пресметката со Чесите. Истовремено, тие бараат јавна анализа на судењето и јавно објавување на добиените резултати.

„Ова е најголемото влијание врз резултатот во аналите на европската и светска кошарка. Тие ни го украдоа четвртфиналето“, изјавија од стручниот штаб на Грција буквално со солзи во очите.

Главна забелешка се во делот на личните грешки кои му беа досудени на првата грчка ѕвезда, Јанис Антетокумпо, кој на пет минути пред крајот ја доби петтата лична грешка, која, реално, беше најсомнителна од сите.