Најнови ВЕСТИ
Search

ЕХФ ја научи лекцијата од лани, Вардар е во топ-10 фаворити во ЛШ!

Практиката од последните неколку сезони продолжува, ЕХФ објави рангирање на најголемите 10 фаворити пред почетокот на Лигата на шампионите, врз основа на промената на нивните тимови преку летото и квалитетот кој го задржале во пресрет на новата сезона. Минатата година направија глупост и не го ставија Вардар ни во првата десетка. Овој пат ја научиле лекцијата, иако црвено-црните не котираат високо.

Според анализите на експертскиот тим на ЕХФ, Вардар е седми фаворит во Лигата на шампионите пред почетокот на новата сезона.

„Обично, местото број еден треба да е резервирано за бранителот на титулата, но за зал Вардар загуби неколку важни играчи преку летото, како Дејан Милосављев, Игор Карачиќ, Рожерио Мораес и Глеб Калараш. Сепак, не ги отпишувајте овие момци како опасни, бидејќи се покажаа минатата сезона, кога јурнаа кон титулата, кога никој не им даваше шанса пред сезоната. Ќе биде тешка задача за клубот од Скопје, а почетните неколку кола ќе ни одгатнат многу“, пишува во краткиот опис за Вардар.

Се разбира, овде авторот не се доинформирал дека Глеб Калараш сепак, се врати, но поентата е јасна, на Вардар му се повторува појавата од минатото лето, кога загуби неколку важни играчи и почна со нов тренер.

Послабо рангирани од Вардар во таа издвоена десетка се германскиот шампион Фленсбург, Монпелје и Мешков Брест, додека до врвот место следуваат Пик Сегед, Кјелце, Кил, ПСЖ, Барселона и вицепрвакот Веспрем како најсериозен кандидат.

ЛШ почнува претстојниов викенд, а Вардар в сабота му гостува на Монпелје, идентично како што ја почна и минатата сезона.