Најнови ВЕСТИ
Search

Димитревски со шест гола му донесе победа на Синфин

Македонскиот репрезентативец Дарко Димитревски имаше одличен старт на новата сезона во шпанската АСОБАЛ лига.

Тој беше еден од клучните ракометари во победата на БМ Синфин над Уеска од 27-22. Домаќините одиграа две одлични полувремиња кои беа доволни за победа, а токму Димитревски со шест голови беше најдобриот стрелец на натпреварот.

Екипата на Синфин во второто коло му гостува на Ваљадолид.