Најнови ВЕСТИ
Search

Чуден меч во Радовиш: Еден ракометар постигна 13, друг – 15 гола!

Македонската ракометна сцена почна да пулсира во полн ритам, откако се комплетира првото коло од Суперлигата. Денеска се играа три натрпевари во кои излегоа два победника и еден меч со двајца главни актери.

Најизедначен дуел на денот требаше да биде оној мегу Пролет и Охрид, во скпоската сала „11 Октомври“, но домаќините го свртеа мечот во друг правец. По 11-11 на паузата, второто полувреме го почнаа одлично, се одлепија и дојдоа до највисоки 17-11 во еден момент од вториот дел. Охрид тргна да се враќа, но стигна само до конечни 19-21. Доне Мајнов од домашниот тим со своите седум гола беше најефикасен на мечот, а доскорешниот член на Пролет, Мартин Манасков, сега го предводеше Охрид со пет погодоци.

Страшен дуел на голгетери се случи во Радовиш. Домаќините го совладаа Вардар јуниор со 32-28, водејќи убедливо уште во првото полувреме, но натпреварот се сведе на стрелачки дуел мегу срдените бекови. Ивица Илиев од Радовиш постигна 15 гола, а младиот Стефан Крстевски од Вардар даде 13.

Најзиедначено беше во салата „Кале“, каде што Работнички ѝ беше домаќин на Струга. Гостите имаа повеќе од играта, водеа, речиси, цел натпревар, имаа и 12-10 на паузата, но успеаја да ја прокоцкаат предноста и да застанат на 25-25 кога свирна сирената за крај. Давор Палевски кај домаќините со девет, Цветан Кузмановски кај гостите со седум гола беа први стрелци.

Колто почна вчера со братскиот дуел мегу Металур ги Металург 2, кој го доби фаворитот во оваа прва фаза од Суперлигата, со 37-30.