Трогателна приказна на фан на Бери: „Во ист месец ги погребав и сопругата и мојот клуб“!

Фудбалска Англија пред неколку дена и официјално остана без еден од најстарите клубови. Бери и покрај големите напори да најде цврст и стабилен спонзор, беше принуден да згасне, откако не се најдоа соодветни решенија за големите финансиски долгови.

Ова згаснување на популарниот клуб дефинитивно го потресе Островот, а еден од најверните навивачи на Бери, Кен Клен, ја раскажа најтажната приказна поврзана со својот омилен клуб.

„Цели 59 сезони го следам овој клуб. Во тој период пропуштив само два натпревари, првиот пат поради патување во Канада, а вториот пат поради доцнење на авионот. Бев венчан 23 години, но Бјури ми беше во срцето и го сакав од првиот ден. Сопругата ми почина на трети август, а денес го закопаа и мојот омилен клуб. Ова се тешки моменти за мене, затоа што стравувам дека никогаш повеќе нема да дојдам на овој стадион“, раскажува 67-годишниот навивач.

Бери е формиран во далечната 1885 година, а во својата историја има освоено само два позначајни трофеи и тоа двата од ФА Купот на Англија во 1900 и 1903 година.


TAG