Најнови ВЕСТИ
Search

Се претставувал како брат на Бушар, па ѝ оставил сметка од – 42.000 долари!

Соломон Шломо Азари е уапсен во Мајами поради измама. Тој се претставувал како брат на атрактивната тенисерка Ежени Бушар и направил сметка од 42.000 долари.

Атрактивната тенисерка живее во хотел во Мајами кога не настапува на турнири, а тоа очигледно Азури го знаел и го искористил за да ужива.

Дури два месеци живеел и користел услуги од хотел и направил голема сметка, но на крајот бил откриен и уапсен од страна на полицијата.