Одбојкарките загубија од Црна Гора на Балканијадата

Македонските кадетки загубија од Црна Гора со 3:0 (25:10, 25:8, 25:19) и во зависност од другите денешни резултати, ќе играат за пласман од седмо до десетто место на Балканското првенство во Лукавац.

Тешкиот натпревар против Бугарија вчера и раниот денешен термин, придонесоа нашата репрезентација да нема сили да игра на ниво против Црногорките. Се истакна единствено Сара Серафимова иако шанса добија сите.

На Балканијадата во БиХ на којашто учествуваат одбојкарки родени на и по 01.01.2002, македонскиот национален состав во првиот натпревар ја совлада Албанија, а потоа загуби од домашната селекција, од Бугарија и денеска од Црна Гора.