Лесна победа на Србија на стартот, драматичен пораз на Хрватска од Азербејџан

Бранителот на европската титула, селекцијата на Србија со лесна победа против Финска ја започна одбраната на трофејот освоен пред две години во Баку. Србинките во групата во Анкара беа подобри од Финска со 3-0 (25-17, 25-15, 25-17).

Подмладениот тим на Терзиќ се потпре на Бјелица (11 поени) и Бошковиќ (8 поени) за лесна победа против селекцијата од Скандинавија. За српскиот состав не настапи повредената Силвија Поповиќ.

Во останатите натпревари од првото коло кои завршија во првата половина од денот, Франција ја изненади Бугарија, победувајќи ја во пет сета (25-12, 13-25, 25-15,19-25, 15-13). Белгија не дозволи изненадување и во ти сета ја надигра Украина (25-10, 25-19, 25-22), а Германија без загубен сет ја надигра Швајцарија со 25-16, 25-19, 25-21.

Најдраматични беше во дуелот на Хрватска и Азербејџан, во кој во пет сета победа извојува бронзената од последниот континентален собир Азербејџан (13-25, 25-20, 25-22, 24-26, 17-15).

Ова е прво Европско првенство со 24 репрезентации и четири земји домаќини. Завршниот турнир ќе се игра во Анкара (Турција).