Најнови ВЕСТИ
Search

Фудбалер заврши во затвор, бидејќи ја претепал девојката на сред улица

Поранешниот фудбалер на англискиот клуб Акрингтон, Ендру Акингбаје ќе мине две години и осум месеци зад решетки откако физички ја нападнал својата 21-годишна девојка.

Неговата адвокатка се обиде да го оправда фудбалерот дека се тепал со повеќе луѓе, а девојка му била колатерална штета. Сепак, доказите покажуваат нешто друго, а тоа е дека тој крвнички ја истепал девојката.

Бидејќи е опасен за јавноста, а особено за жените ќе мора да одлежи казна од 32 месеци во затвор.