Најнови ВЕСТИ
Search

Приказна раскажана низ солзи: Мексиканец има четири билети, ама СП го гледа сам!

Гилберто Мартинез од Мексико има по четири билети за средбите на Мундијалот во Русија, но секогаш е сам на трибините, а околу него има три празни места.

Одговорот на ова прашање носи приказна која крши срца и измамува река солзи. Мартинез кога ги купил билетите планирал првенството да го следи заедно со сопругата Вероника и децата Миа и Диего. Но, пред да отпатуваат за Русија тие заминале во посета на роднини на Флорида во САД каде што се случила голема трагедија. Во автомобилот на Гилберто се забил друг, кој во дел од секундата го оставил без семејството. Веронија (42), Миа (6) и Дего (8) загинале на лице место.

Целосно скршен од трагедијата, Мартинез добил совет од психолог да замине во Русија заедно со билетите и фан-картичките на своите најблиски, кои биле до него кога Мексико оствари историска победа над светскиот шампион Германија. Неговата приказна била добро позната во мексиканскиот тим, поради што голманот Очоа после мечот му испрати срцепарателна порака.

„Ова беше победа за твоето семејство“, напиша чуварот на мрежата на мексиканската селекција.

Билетот на малиот Диего беше и на мечот помеѓу Бразил и Костарика, со оглед што негова најголема желба било во живо да го види својот најголем идол, Нејмар. Но, за жал, невнимателниот возач го спречил да го направи тоа.