Светците пикираа играч од средниот ред на Јуве

Според пишувањата на италијанските медиуми, ПСЖ спремил богата понуда за играчот од средниор ред на бјанконерите.

Corriere della Sera i Calciomercato.com пренесуваат дека Французите ќе му понудат на репрезентативецот на Миралем Пјаниќ дупло од неговиот сегашен договор со Јувентус. Пјаниќ моментално прима плата од 4.5 милиони евра по сезона, а ПСЖ се спремни да му платат осум милиони по сезона.

Јувентус од овој трансфер би можел да добие околу 50 милиони евра оштета од Пјаниќ. Доколку се случи вакво нешто, ова не би му било прво искуство во Француската лига на Пјаниќ, тој претходно го има носено дресот на Лион.

Како што знаеме, Пјаниќ е моторот на Јувентус оваа сезона, и покрај одличните игри во сите натпреварувања оваа сезона за Јувентус има постигнато 5 голови и има запишано 8 асистенции.


TAG