Жива штета: Секој гол на Салах го чини неговиот спонзор 114 милиони евра

На големо изненадување, египетскиот репрезентативец Мохамед Салах се наоѓа на првото место во борбата за Златната копачка во Европа.

На седум кола пред крајот на Премиер лигата, тој има 28 гола, три повеќе од Лионел Меси. Навивачите на Ливерпул се пресреќни поради тоа што повторно имаат екстра напаѓач, но има и такви на кои не им се допаѓа ефикасноста на Салах.

Во прв ред, тоа е неговиот спонзор, компанијата Водафон иако таа прва го препозна квалитетот на голгетерот. Во својот договор со Салах, Водафон се обврзал на секој корисник во мрежата да му подари 11 бесплатни минути разговор на секој гол на Салах.
Ако се знае дека Водафон во Египет има 43 милиони корисници, пресметано е дека компанијата губи 114 милиони евра со секој гол на Салах. Досега сезонава постигна вкупно 36 во сите натпреварувања, тоа е преголема сума за компанијата, а до крајот има уште два месеца.