Касилјас го пронајде својот фудбалски двојник од 1901 година! (Фото)

Икер Касилјас е еден од фудбалерите кои се најактивни на социјалните мрежи, а денеска навистина ги заинтригира фудбалски фанови откако сподели фотографија од поранешен фудбалер кој неверојатно многу личи на него.

Спортскиот новинар Аитор Лагунас го тагна Икер на Твитер со една фотографија од шампионската генерација на Милан од далечната 1901 година, ставајќи акцент на еден фудбалер кој навистина многу потсетува на актуелниот голман на Порто. Дури и Касилјас остана изненаден од сличноста, потврдувајќи дека се видел себеси во Швајцарецот Ханс Хенрих Сутер кој бил дел од споменатата генерација на „росонерите“.

View image on TwitterView image on Twitter

iker-dvojnik1