ВИДЕО: Амбициозен хрватски третолигаш собира повеќе гледачи и од некои македонски прволигаши

Фудбалскиот клуб Марсонија од Хрватска моментално се натпреварува во третата лига Исток, а е познат како екипата од која излегоа имиња како Марио Манџукиќ и Ивица Олиќ.

Клубот имаа амбиции наредната сезона да се искачи ранг погоре, а за тоа да го оствари има максимална поддршка од навивачите, кои понегоаш знаат да се појават и во бројка од 700 гледачи. Кога ќе се спореди со некои македонски прволигаши, жално е да се каже дека тоа е поголем просек од гледаноста на стадионите ширум Македонија.

Дербито против Ориолик беше снимено со дрон, а во продолжение уживајте во прекрасните кадри: