Најдобар играч за февруари во Премиерлигата е – Салах!

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах повторно ја доби наградата за најдобар фудбалер во Премиерлигата (ПЛ), откако минатиот месец беше фантастичен.

Магионичарот од „Енфилд“ беше брилијантен во минатиот месец, па доби 37% од гласовите, а на второ место заврши неговиот соиграч Роберто Фирмињо со 19% од гласовите.

Три пати играше во февруари, а постигна четири голови, што е навистина одлична статистика.

Покрај него и Фирмино, во игра за најдобар играч во ПЛ беа Џек Батленд (Стоук), Крис Смолинг (Манчестер јунајтед), Паскал Грос (Брајтон) и Еден Азар (Челси).