Противничките ги паѓа на колена, погледнете зошто ја викаат „женскиот Мајкл Џордан“ (ВИДЕО)

Се вика Орсолја Тот и доаѓа од Унгарија, а ја претставува својата земја во натпреварите три на три организирани од Светската кошаркарска федерација (ФИБА).

Поради својата феноменална игра го доби надимакот „женскиот Мајкл Џордан“, а причината за тоа е МВП наградата и настапите на Мундијалот во кој Унгарките го освоија златниот медал.

Има само 17 години и вистинско чудо е со каква леснотија си поигрува со своите противнички на теренот.

Потегот во финалниот натпревар против Фрнација по кој нејзиниот директен чувар падна на земја беше причина за одушевување меѓу присутната публика.